Македонија
10. May 2020 - 20:31

Струмичани го искористија топлиот викенд за прошетка

Убавото сонце ги намами струмичани дел од слободното време да го поминат надвор од нивните домови. Најголемата фреквенција денеска беше во градскиот парк. Повеќето  граѓаните кои излегоа надвор  тоа го направија согласно препораките на здравствените власти, со макси на лицата,   во мали групи,  движејќи се на одредено растојание. Најголемиот дел од нив велат дека ги почитуваат мерки, а сметаат дека тоа го прават и останатите граѓани. Најголем проблем за сите, а особено за пензионерите било ограничувањето за движење кое го имаат со полицискиот час.

Дел од граѓаните имаат спротивно мислење. Сметаат дека препораките за заштита,  во Струмица не се почитуваат доволно. Голем бил бројот на граѓани кои биле убедени дека вирус нема и поради тоа ниту носеле заштитни маски, ниту пак држеле потребно растојание.

Од како стапи на сила обврската за задолжително носење на заштитна опрема на подрачјето на СВР Струмица нема изречено ниту една казна, но голем е бројот на граѓани кои биле предупредени и опоменати дека маската е задолжителна. Најголемиот дел од прекршувањата се регистрирани во делот на полицискиот час. По тој основ,  поднесени околу 150 пријави, а веќе се изречени и повеќе казни кои се движат од 500 евра па нагоре.