Резултатите од скринингот ќе откријат дали ќе има промени во рестриктивните мерки
Британија ја укинува изолацијата на позитивните на Ковид и нивните контакти, вирусот ќе се третира како грип. Ова е дел од планот на тамошната Влада наречен „Живот со Ковид” кој треба да стапи на сила до крајот на неделата. Планирано е да се намалат и тестирањата зошто само во јануари државата потрошила 2 милијарди фунти за тестови. Премиерот Борис Џонсон за планот има зелено светло од министрите, но треба да биде усвоен и во парламентот. Според него Британија превзема ваков чекор зошто 81 процент од возрасното население е вакцинирано со бустер. Џонсон посочува дека вирусот и понатаму е опасен и треба да се прими трета доза.
Македонија засега нема да го следи британскиот пример, зошто имаме низок опфат на вакцинација, околу 40 проценти од населението примиле 2 дози, а бустер само 5 отсто. Мерките кај нас ќе се олеснат само ако резултатите од серолошкиот скрининг покажат дека над 70 проценти од граѓаните се имунизирани или со вакцина или со прележување.
- Нивото на вакцинација и целосна имунизација на нашата популација е пониска од Европа. Мерките ќе се креираат врз основа на анализите што се прават и за таа цел веќе е отпочнат скринингот на население и ова ќе зависи исклучиво од епидемиолошката состојба, одговорија од министерството за здравство.
Бидејќи резултатите од скринингот се очекуваат најрано за една недела , очигледно до почетокот на март нема да има никакво олеснување на Ковид мерките.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
