Помалку од 1 процент деца позитивни на скринингот
Помалку од 1 процент од тестираните деца биле позитивни на Ковид.
Заврши скринингот во скопските основни училишта. Беа тестирани деца од Аеродром, Бутел, Чаир, Кисела Вода. Од направени 2.213 тестови, само кај 18 основци (0,8 проценти) е детектиран вирусот, информираат од Министерството за здравство.
-Деновиве епидемиолозите треба да ги анализираат податоците за да се види во кое училиште и општина има поголем број позитивни, а каде состојбата е стабилна, информираат за Сител од КЗБ.
Неодамна министерот за здравство изјави дека ако првите резултати се добри, ќе го прекинат тестирањето и наставата ќе си продолжи нормално со физичко присуство.
Скринингот почна минатиот петок. Децата беа тестирани со брзи тестови и со согласност од родителите.
Паралелно се одвива и серолошко тестирање за да се види каков имунитет имаат граѓаните. Од резултатите ќе зависи дали и Македонија ќе ги олесни Ковид мерките како голем број држави.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
