Македонија
3. March 2022 - 16:37

Изолацијата трае 7 дена за болните од ковид и нивните контакти, инспекторите велат дека нема место за злоупотреби

Со опаѓање на бројот на новозаразени, намален е бројот на издадени решенија за изолација на позитивните и нивните контакти, велат од ДСЗИ и додаваат дека последниот месец после владината одлука граѓаните сами да си ги симнуваат овие документи значително им е олеснета работата на инспекторите. 

Од здравствениот инспекторат се категорични дека нема простор за злоупотреби од страна на граѓаните бидејќи во системот сега решенијата се само со 7 дена изолација за лицата кои имале контакт со позитивен, а ист е периодот и за асимптоматските случаи.

-Податоците во системот ги внесува Мој термин, епидемиолошката анкета ја вршат епидемиолозите од ЦЈЗ, а сите внесени податоци инспекторите од ДСЗИ ги генерираат, односно овозможуваат решението да си го симне од ситемот секој сопственото. Во системот не постои време од 14 дена за контакти, автоматски е променето на 7 дена, така да таква злоупотреба не постои, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Граѓаните пак кои имале симптоми и кај кои вирусот предизвикал компликации во зависност од нивната состојба после периодот на изолација матичниот лекар им отвора боледување.

-Изолацијата значи време во кое пациентот или контактот треба да биде изолоиран за да не го пренесе вирусот. Лекувањето на болеста или компликациите кои настануват после ковидот секако на секој му е овозможено преку матичниот лекар отворање на соодветно боледување, вели Сотирова Бухова.

Инаку во менентот во државата има 3252 ативни случаи, од нив околу 1700 се во Скопје.