Дали намалениот број на хоспитализирани ќе донесе олеснување на мерките?
Дали драстичното намалување на бројот на хоспитализирани со Ковид ќе донесе олеснување на мерките идната недела.
Во болниците и Клиниките во целата држава на лекување има 177 пациенти, за 50-тина помалку од претходниот петок. Во моментот на Инфективна има 49, а во ГОБ 8 септември 17 пациенти. Затворени се Ковид одделенијата на Кардиологија, Неврологија и Кожно.
Токму намалениот број на хоспитализации оди во прилог за олеснување на Ковид мерките како еден од главните параметри, откако во средата Комисијата за заразни болести ја смени методологијата за проценка на епидемиолошкиот ризик, но не препорачаа укинување на ниту една мерка. Според министерот за здравство бројот на нови случаи се уште не е паднат на посакуваното ниво.
-Согласно новата методологија ние ќе ја следиме епидемиолошката состојба, засега е мирно, но сеуште загрижува дека бројот на новоинфицирани не се намалува , постепено имаме благо намалување, но не е на посакуваното ниво, изјави Беким Сали, министер за здравство.
Инаку се повеќе држави почнаа да не бараат Ковид потврда. Од денеска за влез во Црна Гора и Ирска нема потреба ниту од вакцини, ниту од тест.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
