Бизнис
13. March 2022 - 21:16

Што утврди ДПИ меѓу трговците по примената на новиот сет антикризни мерки?

За два дена казнети над 30 трговски субјекти кои не ја почитувале владината мерка за намалување на маржата или не поседувале евиденција за одредени производи. Од нив, 8 заработиле казна од 7,000 евра за правното, плус 350 евра за одговорното лице, додека кај 12 маркети недостасувала евиденција за набавната и продажната цена, вели директорката на пазараниот инспекторат Симоска. Во изминативе 2 дена, од кога стапија мерките на сила, направени се 162 контроли.

- На 11.03 казнети се 13 субјекти, од кои 8 со по 7,000 евра затоа што не ги намалиле маржите на основните прехранбени производи, додека вчера казнети се 20 субјекти, од кои 8 за непочитување на мерката за намалување на маржата, а 12 за немање евиденција во трговијата, однсно непостоење фактори колкава е набавната цена, а колкава треба да биде продажната. Кај нив дополнително ќе се испитува кога се набавени производите, изјави Анета Симоска Димеска.

За да се заштити стандардот кај граѓаните од секојдневниот пораст на цените на храната, Владата донесе сет мерки, меѓу кои намалување на маржата кај дел од производите од 5 на 3%. Овде спаѓаат шеќерот, кравјото млеко, свежото месо, сирењето, урдата, македонскиот ориз, јајцата, шпагетите и макароните... Без маржа, односно по набавна цена се продаваат лебот, брашното и маслото за јадење. Изминатиов период, во очекување на повисоки цени, дел од маркетите не продаваа одредени производи чувајќи ги во магацините, со што создаваа вештачка криза и паника кај народот. За нечесното пазарно однесување, предвидени се високи парични казни, но и забрана за вршење дејност до 1 година.

- Зависно од големината на субјектот, казните се движат од 800 ди 10,000 евра во денарска противвредност, додава Симеска.

Законот најмногу не се почитувал во Скопје, Охрид, Гостивар, Струга, Прибиштип и Струмица. Инспекторатот најавува засиелни контроли и периодов кој следи. 18.52