Македонија
15. March 2022 - 16:32

Се намалува бројот на новозаразени, хоспитализирани и починати, ќе се намалат ли и рестрикциите?

Петта недела по ред се намалуваат бројките на новозаразени со Ковид, хоспитализирани и починати. 

Последниот извештај на ИЈЗ покажува дека минатата седмица регистрирани се 1818 нови случаи, за 27 отсто помалку од претходните 7 дена. Најголемо намалување од 42 отсто има кај децата до 9 годишна возраст. Во анализираниот период пријавени се 34 починати лица. Во моментот на болничко лекување има 165 пациенти, а претходната недела имаше 216 хоспитализирани.

Дали овие бројќи се поволни за укинување на Ковид мерките ќе дискутираат членовите на Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок.

-Минатата недела воведовме една проценка нова и ќе дискутираме утре на таа тема. Минатиот пат бевме на граница меѓу среден и низок ризик и евентуално за некој пакет мерки евентуално ќе се разговара, но што ќе се одлучи не можам да знам однапред, изјави проф.д-р александар Петличковски, претседател на Комисијата за заарзни болести.

Препорака дали е време за укинување на маските во училиштата чекаат и од Министерството за образование.

-Знам дека овој период сите сме во очекување на олеснување на дел од препораките, но знаеме и од искуствата кога имаме лесни препораки може да се влоши состојбата, затоа препораките од Комисијата за заразни болести се многу важни, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Инаку според дневните извештаи последните неколку дена и бројот на активни случаи со Ковид е паднат под 2000.