Инспекторите во проверка дали трговците ги кријат производите без маржа
Граѓаните се жалат - дел од трговците манипулираат. Го кршат законот и производите кои треба да ги продаваат без заработка ги нема на полиците. Некои пак ги даваат гратис – но со услов да се испазари над одредена сума. Државниот испекторат добил дојава и веднаш излегол на терен. Што е утврдено и дали ќе следат прекршочни пријави – ќе се знае откако ќе ја завршат контролата.
Во текот на вчерашниот ден добивме дојава за одредени манипулации од страна на трговците и ведаш инспекторатот излезе на терен. Се констатираа фактичната состојба бо моментов, но се уште е во тек, бидејќи станува збор за ланец макрекети низ цела територија, изјави Анета Симеска , директор на Дравен пазарен инспекторат
Веќе стапија на сила владините мерки за намалување на ДДВ то и маржата кај дел од производите, но граѓаните не го чувствуваат поевтинувањето
Утре истекува рокот до кога фискалните каси треба да се усогласат и да прикажуваат кои производи се без ДДВ.Тогаш граѓаните ќе имаат увид што и за колку е намалено.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
