Комисијата препорача маските да бидат право на избор и за средношколците
По основците, без маски на настава да одат и средношколците, предлага Комисијата за заразни болести. За учениците од 1 до 9 одделение оваа мерка важи од денеска, а за средните училишта треба да помине на Кризен штаб и Влада.
-Се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
На денешниот состанок советодавното тело на министерот даде препорака и за организирање екскурзии за децата од основно и средно. Членовите на Комисијата разговарале и за укинување на маските во затворено и влез на граничните премини без сертификати или тестови.
-За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува бројот на заразени и хоспитализирани, додаде д-р Мехмедовиќ.
Од денеска на сила е мерката студентите да следат предавање со физичко присуство, но со маски и да не се бараат сертификати во отворените делови на угостителските објекти.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
