Како Европа ќе ја „преживее“ енергетската криза?
Европа ќе штеди, Русија ќе заработи. Добитник од енергетската криза , на чие конто ќе легнат скоро 321 милијарда долари само од извозот на нафта и гас ќе биде Русија, анaлизира Блумберг. Ако Унијата не воведе целосно ембарго , годинава ќе ја заврши со рекорден суфицит од 240 милјарди долари,.што е за третина повеќе од лани. И додека Летонија, Естониjа и Литванија целосно прекинаа со увоз на руски гас, Украина повикува тоа да го направат сите земји членки на Унијата.
Тоа е нешто што треба веднаш да се направи. Русија дневно добива над 1 милијарда долари од испорака на гас и нафта, пари со кои ги плаќа руската армија и поддржувачи. Затао е неоппхподно, покрај останатите снакции, да се воведе целосно ембарго, изјави Јуриј Витренко, директор на Нафтагас во Укарина
За да се намали зависнсота од руските енергенси, Холандија со совети како да се штеди, Германија го активираше Кризниот план за недостиг на плин, а поскапувањата веќе почнаа. Во Бугарија од 1 април гасот поскапе за 25%, што е значително помалку од барањето на Булгаргас – повисока цена за 60% . Повисоки цени има и во Хрватска . Гасот псокапува за најмногу 20%, струјата за 9,6%. Двојно повисока цена, однсно за 54% поскапија и енергенсите во Велика Британија, која стравува дека двојно ќе се зголеми бројот на домаќинства кои нема да можат да си ги платат сметките. Или во бројки – скоро 5 милиони семејства ќе се довеат во ситуација да не можат да плата. Холандскиот министер за климатски промени со препораки – како да се штеди
- Термостатот да се постави на максимум 19 степени
- Не се туширајте подолго од 5 минути
- Затоплувајте ги само просториите во кои седите
- Пред спиење термостатот наместето го на 15 степени
- Кога не сте дома, греењето оставете го на 15 степени
Холандската влада најави дека во стотина државни канцеларии греењето ќе го намали за 2 степени, а ќе се издвојат и 4 милијарди евра за да субвенционираат поставување излоција во 2,5 милиони домови.
И додека Брисел има уште две недели да одлучи дали енергенсите ќе ги плаќаат во рубља или ќе се соочат со рампа на исопраката на гас, Путиновиот портарол денеска изјави дека гасот ќе продлжат да го плаќаат во евра, но конечанта исплата на Газпром ќе биде во рубљи.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
