Белин го презеде управувањето со филијалата на Газпром во Германија
Нервоза владее на енергетскиот пазар, барањето на Москва за плаќање во рубљи и можното ембарго од Унијата за увоз на руска нафта, дополнително го подгреваат стравот.
Цената на енергенсите продолжува да расте, рубљата по неделниот раст, денеска потона за скоро 10%, доларот е стабилен, вредноста на еврото се намалува, инфлацијата се подгрева.
Во Турција достигнат е нов дваесетгодишпен максимум, односно 61 %. Ценатата на нафтата и гасот во благ пораст. Се чека ставот од Брисел, дали ќе има рампа за увоз на руска нафта и дали ќе се плаќа во рубљи.
Дали ќе постои механизам да се плаќа во евра и потоа да се конвертира, со што вештачки се подига цената останува да се види. Ако испораките на гас прекинат, ќе пробаме да најдеме алтернативно снабдување, изјави министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов.
Германската Влада најавува дека до крајот на летото може да стави рампа на увозот на руски јаглен, а до крајот на годината и на нафтата. Но, за воведување ембарго за гасот, катогорични се – додека нема алтернатива, санкциите да бидат постепени.
Инаку германскиот оператор на една година го презеде управувањето на Газпром Германија, откако претходно изјавија дека се повлекуваат, без да ги наведат причините за тоа. Покрај во Германија, Газпром ги напушти своите филијали во Велика Британија, Чешка и Швајцарија
-Секојдневно работиме на создавање предуслови за ембарго, за независност од руската нафта, јаглен и гас. Следната мерка би била намалување на зависноста од руското влијание на нафтената инфраструктура, изјави министерот за акономиа на Германија, Роберт Хабек
И додека земјите членки на Унијата прават калкулации и бараат нови извори на енергија, експертите предупредуваат на последиците од прекинот на испорака на гасот.
-Сите овде на берза би сакале да кажат – нема веќе нафта и гас од Русија, но знаеме дека реалноста е друга. Без таа енергија, светлата ќе се изгасат во многу претпријатија, невработеноста ќе расте и ќе се соочиме со уште поголеми економски проблеми, изјави шефот на анализа на пазарот на капитал на Франкфуртската берза, Роберт Халвер.
Во меѓувреме, испораката на гас продолжува во согласност со постечките договори, а руските олигарски молат за позајмица. Роман Абрамович бара американските пријатели да му дадат на заем по милион долари, за да им исплати плати на вработените, кои неделно изнесуваат 750 илјади долари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
