Бизнис
23. April 2022 - 16:39

600 милиони евра ново задолжување, власта преговара за условите

Нов аранжман со ММФ, но и кредит од Европската Комисија се договараат во Вашингтон. Ќе се бараат најмалку 600 милиони евра, сума кој министерот за финансии  Бесими ја спомена пред заминување на пролетните средби. Според него, каматата  за еврообврзница  во моментов е висока , затоа буџетот ќе се финансира од други извори. Наредниот период тим од ММФ ќе ја посети земјава, па што ќе каже дали ги исполнуваме условите за нов заем, чија камата би била околу 1%.

-Каматата е само 1%, таа е далеку пониска од евробзницата , која за нашата земја се движи од 4,5 до 5,5%. Парите ќе се користат за покривање на буџетските  потреби, не се врзани за одреден проект, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Минатата година ММФ и додели на земјата околу 160 милиони евра, специјални права на влечење, кои беа вклучени во девизните резерви, за полесно предбродување на Ковид кризата. Сега, има нови предизвици, за кои ќе требаат уште пари.

Конфликтот во Украина и неизвесноста  до кога ќе трае, влијаат врз економијата, растат цените на основните прехранбени производи и енергенсите, кои и претходно бележеа раст. Затоа се финализира и договорот за користење на инструментот Макрофинсиска поддршка од Европската Комисија. Се наведува во соопштението на министерството. Овој инструмент е наменет за земји кои не се членки на Унијата, но се кандидати или потенцијални кандидати и е дополнување на финансирање претходно одобрено од ММФ.

Инаку пред две години, преку овој инструмент земјава доби 160 милиони евра, пари за полесно справување со корона кризата.