Ќе има ли руски гас од бугарскиот гасовод?
Русија ја прекина испораката на гас кон Полска и Бугарија, македонските власти смируваат – простор за паника, за сега нема. Затворање на вентилите кон Бугарија, нема да значи и запириање на испораката кон Македонија. Обврските кон Гаспром се подмирени – Бугарија не смее да ја прекине испораката за транзит, зато што цевководите не се во нејзина сопственост. Ако евентуално дојде до тоа, имаме алтернативи.
„Ние сме подготвени како институции, сите компании се подготвени. Каква и одлука да се донесе, кај нас влијанието ќе биде многу мало, минимално, да не речам нула. Ситуацијата знаеме дека е многу комплексна и никогаш не се знае какви одлуки може да се донесат наредните денови“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Техничка можност за непречен проток на природен гас од цефководот што поминува низ Бугарија и води до земјава, има, велат од Регулаторната Комисја. Сепак, ситуацијата е комплексна и се ќе зависи од одлуките на Путин, односно дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира испораката на гас. Затоа препорачуваат- сите кои користат природен гас, да обезбедат алтернатива.
Одлуката на рускиот гигант Гаспром доаѓа откако Полска и Бугарија, одбија гасот да го плаќат во рубљи. Бугарскиот министер за енергетика вели дека гас за граѓаните и фирмите иам за уште еден месец. Преку Евроспакат Комисја ќе се бараат начини за заедничко снабдување
Бугарија е лојален партнер со сите соседни земји, но Бугарија не е Русија. Кога ќе имаме можност ќе им помогнеме на сите соседни земји. Според постоечките договори, бидејќи другата страна е повторно Гаспром, сите можни механизми и ризици ќе бидат разгледани. Тоа не значи дека вештачки ќе ги изложиме на ризик нашите соседни земји“ – рече Александар Николов, министер за енергетика на Бугарија.
Гаспром ги предупреди Полска и Бугарија да не преземат неовластени количини од гасот кој поминува низ нивната земја . Ако тоа го сторат, испораките за транзит ќе се намалат за волуменот на гасот кој овие две држави неовластено би го презеле.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
