Бизнис
29. April 2022 - 16:34

Економистите предупредуваат Владата внимателно да ги троши позајмените пари

Внимателно како ќе се трошат позајмените пари, алармираат економистите. Дали ќе се наменат за гасење пожар, однoсно социјален мир – сценарио кое не е добро, или за капитални инвестиции, кои ќе продуцираат раст. КредиTот од ММФ ќе биде добра финансисика инекција за буџетот, односно за одредена ликвидност, каматата  е поволна, а трошењето контролирано.

Парите од ММФ ќе значат свежи пари за оперативна ликвиднoст. Нема да има дирекни пари за капитални инвестиции, но добро е што ќе имаме мониторинг на што се трошат овие пари. Но дали ќе ни бидат доволни 900 милиони и дали ќе добиеме толку?, И дали со овие пари ќе се инвестира во добра кои ќе генерираат раст, ќе зависи од политиките на Владата, изјави Абил Бауш, економист.

Кога растат трошоците за живот, нормално е да се бараат повисоки плати. Но, според економистите Владата згреши со зголемување на минималната плата во време на криза.Сега, цела јавна администрација бара повисоки плати, а пари во буџетот нема

До средината на наредната недела тим од ММФ ќе ни соопштат колку од бараните 900 милиони евра ќе ни дададт. Задолжувањето ќе ги зголеми јавниот долг и до 64% - ниво кое треба да не загрижува, затоа што не сме  финансиски  моќни како останатите  развиени земји за брзо да се вратиме во нормала.