Бизнис
16. May 2022 - 16:40

НБ: Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти – инфлацијата ќе биде 8,8%

Влошени прогнозите за македонската економија. Народната банка очекува инфлација од 8,8% и пораст на економијата од само 2,9 отсто, наспроти октомвриските прогнози од  3,9%  раст. Трговскиот дефицит ќе достигне милијарда евра, јавниот долг до крајот на годината ќе стигне до 63 отсто.  Војната  во Украина и очекуваниот пораст на цените на храната и енергенсите, ги намалија прогнозоите за економските текови. Сепак, ова е оптимистичкото сценарио.

-Според песимистичкото, растот на  БДП ќе биде околу 1%, а инфлацијата дополнително би се зголемила за 1 процентен поен. Ова значи дека, изјави Анита Бежоска Анеќеловска, гувернер на Народната Банка.

За да се зауза инфлацијата, Народната банка 2 пати интервенираше, односно ја зголеми референтната камата. Сигналите се дека и Европската Централна банка ќе ја затега монетраната политика, по што не се исклучува дополнителен пораст на каматите. Но, мора и владата, преку фискалната политика да реагира.

Инфлацијата е многу повисока, со сомнева и лидерот на опозицијата Мицккоски. Според него, таа е двоцифрена, а уште повеќе ќе расте со зголемување на цената на струјата.

Стабилизирање на цените на храната и енергенсите, Народната банка очекува втората половина од годинава. Тогаш инфлацијата би се намалила на 3 отсто, а од наредната годоина би се вратила на очекуваниот просек од 2%.