Година со највисока инфлација, што и за колку е поскапено?
За една година цената на маслото за јадење е зголемена за 40%, на лебот над 20, млекото, сирењето и јајцата за 16 осто. Статистика измени нов рекорд на инфлацијата. Во мај достигна 12% во споредба со истиот месец лани. Најголемо поскапување има кај храната, транспортот и енергенсите. Драстично зголемување има и кај цените на овошјето и зеленчукот, кои пораснале за 11,5, односно 18,5 %. Според статистиката,општо храната во мај поскапела за 17%, енергенсите за 8, а транспортот, поради високите цени на горивата, за дури 24%.
Експертите стравуваат дека инфлацијата ќе продолжи да расте и во јуни, затоа што голем дел од антикризните мерки , кои спречуваа пораст на цените кај основните прехранбени производи, од 1 овој месец, веќе не важат. Загрижени од порастот на цените , особено на струјата се и од бизнис секторот. Бараат итна помош од Владата – во спротивно, велат голем дел од бизнисите ќе затворат, а работници ќе завршат на улица.
Владата е насочена кон граѓанството, не кон фирмите тој пат сметаме дека не е добар, но мислам дека треба да има корекција, мора економската активност да ја задржиме , затоа што без тоа ќе создадеме поголем гаф во ваква неизвесност“ – вели Бранко Азески- претседател на СКМ.
Од Владата пак, до крајот на неделава ќе анализираат – дали ќе има нова помош за граѓаните и фирмите. До тогаш, ќе прават листа на трговци кои јавно ќе ја објавуваат , затоа што, според нив, некоректно ги зголемиле цените на дел од производите. Инспекциите се веќе на терен, утврдиле високи маржи и пораст на цените и до 70% кај одредни продукти.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
