Македонија во трка за голем американско тајвански инвеститор
Македонија во игра со Србија и Хрватска за влез на голема американско - тајванска компанија, која би инвестирала над 300 милиони долари. Наредниот месец ќе се знае каде ќе вложат и ќв вработат над илјада лица. Првиот човек на ТИРЗ вели дека земјава останува атрактивна, а доказ се постојните и нови инвестиции. Од почетокот на годината до мај вложени се 170 милиони евра, од кои 2 се нови инвестиции, 2 ги проширија капацитетите, а 2 ќе изградата погони и во тирзовит. Расте извозот, но и увозот, како и бројот на вработени. Проблем е високата цена на гасот, која за една година скокнала за 350%.
За наредната година резервирани се доволни количини гас, но ако цената продолжи да расте, голем дел од комапниите ќе се преориентираат на обноливи избвори. До сега, и покрај украинската криза, намалената побарувачка на автомобили и недостигот на микрочипови, ниту една странска компаниај која работи во земјава, не побарала помош.
Инаку Балканот ќе ја добие првата зелена зона, која ќе се гради во Гевгелија. По прионципот на јавно приватно партнерство, концесионерот ќе има обврска да вложи околу 25 милиони евра и да вработи околу 3,000 лица. Деспотовски признава, дека се потешко е да се најде квалификувана работан сила. Не ја исклучува можнсота за некоја година да ја увезуваеме од Блискиот Исток.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
