Бизнис
13. јуни 2022 - 20:01

Ребалансот на буџетот влезе во собраниска процедура

Прекројувањето на државната каса е неминовно за да се задржи макроекономската стабилност и да се поддржи економијата и граѓаните со нов пакет мерки, вреден 76 милиони евра. Ова, според министерот за финасии се главните цели кои треба да се постигнат со ребалансот на буџетот. Во неизвесен период, наметнат од украинската криза, чии последици се енормен пораст на цената на храната и енергенсите, мора, подомаќински да се однесуваме со народните пари. Односно секаде каде што може, да се штеди, вели министерот Бесими.

Со ребалансот e планирано е да се потрошат рекордни 4,7 милијарди евра, од кои 900 милиони евра ќе се бараат со издавање еврообврзница и кредит од ММФ. Економијата се очекува да порасне 3,2%, а инфлацијата 7,2 отсто. Во ребалансот предвидени се пари за повисоки пензии, субвeнции за земјоделците, плати за наставниот кадар, универзитетските професори, здравството и обвинителството. Но, нема за зголемувања на платите во јавната администрација од 2,800 денари, како што бараше Синдикатот. Токму овој е еден од над 170те амандмани кој ќе го предложи опозициската  ВМРО-ДПМНЕ.

Власта пак бара конструктивност и поддршка од опозицијата, која нема да ја добие од Алијанса на Албанците.

Инаку, согласно Деловникот, комисиската расправа се очекува да трае 10 дена, а потоа уште 5 за предлог ребалансот ќе се расправа на пленарна седница.  Се очекува усвојување на ребаланост на  буџетот некаде почетокот на следниот месец.