Отворен Балкан ова лето носи електронска наплата на патарина со ист ТАГ во Србија, Македонија и Албанија
Поминувањето патарина во Србија, Македонија и Албанија ќе се одвива без застој, со единствен ТАГ уред. Работни групи од 3те земји веќе почнаа со подготовките на инцијативата кој произлезе од Отворен Балкан. Следи период на тестирање на системот и веќе од август граѓаните ќе можат да ги поминуваат патарините без чекање., уверува директорот на Државни патишта, Рустеми.
– Јас сум убеден дека до крајот на јули ние точно ќе знаеме, а уверен сум дека овај проект ќе се реализира. Јас очекувам дека од август, септември, граѓаните ќе можат да поминуваат со единствен ТАГ уред, изјави Ејуп Рустеми, директор на Државни Патишта.
Таг уредот ќе се купува еднаш, а ќе се надополнува зависно од потребите на граѓаните кои патуваат – месечно или годишно. Самиот корисник ќе може да бира дали парите за патарина ќе ги плати во национална, домашна или во странска валута.
Сите финансиски средстава ќе се префрлаат од една во друга земја, бидејќи со ТАГ уредот граѓаните од Македонија кои патуваат во Србија, ќе платат во Македонија, а ние после парите треба да ги префрлииме во Србија или обратно, на српските граѓани, кои ќе поминат низ Македонија, парите треба да ни ги префрлат од нивното јавно претпријатие. Исто е со Албанија. Сите овие можности ние треба да ги дефинираме, и техничките и финансиските, па после да продолжиме со имплементација на проектот, додава Рустеми.
Граѓаните кои ќе користат електронско плаќање ќе имаат и попуст од 5 до 7% за патарините. Со единсвениот систем за наплата се очекува да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намалат гужвите на авто патиштата, посебно во летната , шпиц сезона. Инаку во Србија се плаќа патарина на околу 820 километри автопатат, на 65 наплатни станици. Цената од Суботица до Прешево зинесува 2,120 динари, или 18 евра. а од Белград до македоснка граница чини 1490 динари или 12,7 евра.
Патариите низ Македонија до грчка граница чинат 380 денари или 8,5 евра. За Албанија се плаќа за поминување низ тунелот после Кукс, по влезот во Албанија и чини 5 евра.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
