Владата ќе се задолжи нови 75,5 милиони евра за справување со енергетската криза
Владата се задолжи со нови 50 милиони евра за справување со енергетската криза. Кредитот е на една година, од Шпаркасе банка и ниска камата од 2,5 %,. Во исто време, издаде долгорочна државна обврзница од 25,5 милиони евра на 15 години. Каматната стапка за нив е 4 отсто. Според министерот за финансии Бесими, парите се за тековни потреби, односно за покривање на буџетскиот дефицит, каде недостасуваат 900 милиони евра. Дел од овие пари ќе се бараат и со издавање еврообрзница до крајот на годината. Сега условите се малку по пололни, односно каматата е некаде околу 6%, но се чека натамошен пад и поволен момент, вели Бесими.
Во меѓувреме , од најголемата опозицика партија денеска обвинија дека двајца трговци со струја купиле вишоци од ЕСМ по цена од 300 евра, а ги продале двојно поскапо, со што заработиле над 600 илјади евра.
Тоннко Митева Сето ова се случува кога домашните фирми плаќаат цена на струја и до 800 евра за MWh и бараат начин како да опстанат, а да не ги затворат своите капацитети. Во исто време домаќинствата плаќаат до 50% повисоки сметки за струја, во споредба со лани. Дуото Ковачевски практично овозможува огромен профит на двајца трговци наместо истата таа струја да ја продаде по истите тие цени на домашните претпријатија, со што ќе спаси илјадници работни места и илјадници фирми од затворање - изјави Марија Митева ВМРО ДПМНЕ
За СДСМ ваквите обвинувања се лажни. Велат дека ЕСМ ги продава ноќните вишоци на аукција, на која можат да се учествуваат сите заинтересирани и на која се избира најповолниот понудувач . За разлика од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ веќе година дена презема мерки за ублажување на ударот од кризата и растечките цени на струјата, се вели во писмената реакција на вледајачката партија.
И додека опозицијата бара Владата да го зголеми произвдството за да не банкротира државата и да колабира бизнисот, од власта велат дека цената на струјата кај нас е 5 пати пониска од пазарната, поради субвенциите за домаќинстават и малите потрошувачи.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
