Бизнис
31. August 2022 - 16:32

Од утре штедење струја во јавните институции, граѓаните веќе штедат зашто немаат пари за високите сметки

Државните институции од утре треба да трошат 15% помалку струја во споредба со истиот месец лани. Во спротивно, за раководителите ќе следуваат санкции. Какви – владата се уште не открива. Стапуваат на сила мерките за штедење електрични енергија. Граѓаните и фирмите има само препораки. Но, високите сметки ги натераа да штедат.

 Пуштиме машини навечер, трошоците да се смалат, струјата да се заштеди, да има доволно за сите, изјави граѓанин.

  • Како не внимавам. Готвам во недела, болјер уклучувам после 10 часот. Мора да внимавам.
  • Штедиме. Сега уште повеќе. За сиромашитија – супер е.
  • Богами сите мора да штедиме. Ако сум плаќал 2,000 сега нема да биде уклучено – ако треба да готвам на струја, ќе готвам на плин. Болјер поретко, Рестикции мора да има, изјави граѓанин.
  • Нормално, трошам 2 до 3,000 денари. Имам изолација и нема потреба да штедам. Паметно, треба да се намалат шпицовите, Да се биде реална цената, ДДВ да се намали, изјави граѓанин.

Во време кога струјата станува луксуз, експертите велат – за малку пари може многу да се заштеди.

Постоечки објект може да заштеди од 30 до 70% струја. Јас во куќа живеам, до лани на дрва се греев и трошев 4 кубика, Соседот до мене 15 кубика. Се додека лани не почна и тој да ја менува фасадата и да ја направи куќата енерегетски ефикасна, изјави Гога Филиповски, архитект и енергетски контролор.

Постоечкиот закон за енергетска ефикасност им налага само на новите објекти да бидат ефикасни. Проблемот кај нас е што најголем дел од државните објекти- градинки, школи, касарни, министерства се стари и трошат огромни суми за струја. И да сакаат, не можат да заштедат, вели Филиповски, освен ако не инвестираат.

  • Во една градинка, просечната потрошувачка на струја беше 13000 евра годишно. Со мала инвестиција, под 1,000 евра, сметките се преполовија. Стигнуваат по 7,000 евра. А се ставија калориметри да не се грее за викенд и после 18 часот.

Клима уредите да ладат не помалку од 27 степени, а да греат до 20, светлата и компјутерите после работа да се гасат, фасадите да не светат навечер, да се принтаат само потребните документи, наместо лифт да се користат скали. Ова се само дел од задолженијата кои административците од утре треба да ги применуваат.