Бизнис
14. September 2022 - 16:33

Владата се уште не открива што содржи пакетот антикризни мерки кој го подготвува

Владата го крои пакетот мерки за помош на бизнисот. Ќе се откаже ли привремено од  ДДВ за струја или ќе субвенионара дел од сметките на фирмите, како што бара стопанството, се уште се анализара. Министерството за финансии ги прави последните подготовки. На некоја од следните владини седници ќе се носи одлука. Приоритет, според владиниот портпарол е да се обезбедат доволни количини струја, по цена пониска од безранската.   

Се уште не е утврдена таа цена. Од минатата недела активна е работната група на двете влади. Целта на посетата на владината делегација во Софија беше да се добие цена која ќе биде под берзанската, така што да почекаме работната група е активна кога ќе има повеќе детали ќе се знае точно и за цената по мегават час, посочи Арсовски.

Високите сметки за струја и најавата за натамошен раст на цената на светските берзи, сериозно ги загрижува стопанствениците. Ако Владата итно не им помогне – почнаа да прават планови за отпуштања на вработените почнувајќи од втората половина на октомври. Очекуваат и голем дел од фирмите да стават и клуч на врата, неможејќи да го издражат 5 кратното зголемување на цените на струјата. Владата со ребалансот најави нови мерки вредни 76 милиони евра за стоапството и компаниите. Истите требаше да бидат објавени почеток на септември, а според најавите, најголем дел ќе бидат за граѓаните и ранливите категории.