Оставки на уште тројца директори на скопски јавни претпријатија: Немаме соработка со Арсовска
Нова серија оставки на директори на јавни претпријатија под надлежност на Градот Скопје . Денеска првите луѓе на “Улици и патишта”, “ЈСП Турс” и “Лајка” најавија дека заминуваат од директорските позиции. Сите тројца оставките ги соопштија на своите Фејсбук профили, а како причина ја наведуваат не соработката со градоначалничката Данела Арсовска.
- Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал, напиша Борис Настов, кој 9 месеци беше в.д директор на ЈП Улици и патишта.
- Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, стои во објавата на Филип Василевски.
- Поради недостатокот на подршка од страна на Град Скопје, ЈП Лајка има континуирано блокирани сметки, каснење во исплатувањето на платите, вклучително и во конкретниот месец немаме исплатено плата на вработените поради непрефрлени средства од Градот кон ЈП Лајка за извршени услуги, пишува меѓу другото во оставката преку Фејсбук в.д директорот на скопското Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Воислав Димитровски.
Претходно оставки дадоа и директорите на „Дрисла“, Јане Мицевски и на „Градски паркинг“, Бојан Христовски откако беше разрешен. директорот ЈП „Водовод и канализација”, Златко Перински и почнаа прекувањата меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО ДПМНЕ. Се почна со тендерот за дизајн и изработка на пречистителна станица за отпадни води во Град Скопје. Токму за ова, по допрен глас истражители веќе го посетиле скопски водовод, потврди за Сител новоназначениот директор Марјанчо Митовски. Тој вели дека тендерот си тече и постапката не се прекинува. Според него за сега не се менуваат и членовите на Комитетот за евалуација на понудите.
-Ние максимално ќе ги почитуваме насоките од релевантните институции во врска со тендерот за дизајн и изработка на пречистителна станица за отпадни води во Град Скопје, изјави Маријанчо Митовски, нов в.д директор на ЈП “Водовод и канализација - Скопје “.
Тендерот тежи 136 милиони евра. Арсовска се сомнева дека за истиот има криминал, а Перински негираше.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
