ММФ и Светската банка прогнозираат лоши времиња за економијата
Расте ризикотот од глобална рецесија. Високата инфлација може да излезе од контрола. Загрижувачки прогнози на ММФ и Светска банка во најновиот Извештај за глобалната стабилност. Економскиот раст во водечките земји забавува, третина од глобалната економија во најмалку два квартали ќе забележи негативен раст – што е дефиниција за рецесија. Тоа, според шефицата на ММФ би имало драматични последици за наредните години, а посебно за милиони лица кои ќе осиромашат, затоа што инфлацијата ќе им ја изеде платата. Трите најголеми економии САД, Европската Унија и Кина ќе стагнираат. Најлошото допрва доаѓа.
-По природа јас сум оптимист. Но стоејќи тука пред вас не можам да кажам дека ќе биде подобро. Не, ќе биде полошо. Што треба да се направи? Креаторите на политики мора под број еден да ја намалат инфлацијата, изјави Кристалина Георгиева, шефица на ММФ.
Светскиот раст, според прогнозите на ММФ ќе остане непроменет, 3,2%,оваа и 2,7 следната година. За македонската економија очекувања се 2,7% раст годинава и 3 отсто наредната. Инфлацијата би достигнала 10,6 отсто, а намалување на 4,5 дури во 2023 та. Дефицитот на тековната сметка, според ММФ оваа ќе биде 6,7, а наредната 4,6 осто.
Сепак, инфлацијата станува тежок товар за сите земји, но за неразвиените, уште потежок. Зауздување треба да биде приоритет. Светот не може да си дозволи зголемувањето на цените да излезе од контрола. Како – следните денови ќе се дебатира во Вашингтон.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
