ЕСМ ги повика корисниците од утре да потпишат нови договори за парно греење
Корисниците на парно греење од утре ќе мора да склучат нови договори за испорака на топлинска енергија. Новиот сопственик кој ги снабдува граѓаните со парно е ЕСМ, затоа над 60.000 граѓани ќе мора да потпишат нови договори, на некој од пунктовите на компанијата. На 2 ден од грејната сезона, радијаторите останаа млаки, затоа што времето надвор е топло. Ако има парно и навечер, кога се спуштаат темературите, сметките за греење би билеповисоки, велат од ЕСМ.
Расте бројот на поплаки и дефекти од граѓаните. Од вчера до утринава имало 600 јавувања, пред се поради поплави во внатрешната инсталација на домовите. Екипите се на терен и отстраниле нешто над 10% од дефектите. Со ладни радијатори и денеска останаа 77 станбени објекти, само поради проблеми во подстаницата на зградите.
Иако парното грее помалку од 4 часа, ЕСМ нема да заштеди гас Набавиле толку колку што е потребно, водејќи се од прогнозите дека темпаературите ќе бидат високи, а геењето редуциирано.
Сепак, од ЕСМ уверуваат дека цела грејна сезона парно ќе има. Ако нема гас во Европа и регионот, ќе се обезбеди дизел. Би искористеле од стоковите резерви, каде со половина од вкупната количини на залиха би се задоволиле потребите за цела грејна сезона.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
