Бизнис
20. October 2022 - 16:46

ЕСМ се уште прибира понуди за набавка на гас за топланите - Имаме гас за само уште 10 дена

Се либерализира пазарот за набавка на гас. До крајот на неделава ќе се собираат понуди, а веќе од наредната и ќе се склучуваат. Се бараат количини за цела грејна сезона, односно за наредните 6 месеци.  Првиот човек на ЕСМ очекува понуда и од една компанија од контактите кои  ги понуди лидерот на опозицијата Мицкоски. Ковачевски уверува – гас ќе има. Евентуално ако Европа го запре вентилот, топланите се подготвуваат за работа на дизел

Ако корисниците на Скопје Север сакаат да имаат парно, менаџментот мора да ги врати парите за ланската грејна сезона.  Станува збор за сума од 425 илјади евра , што ЕСМ им ги дале како позајмица. За оваа бараат уште милион евра. 

Ако нема силни гаранции дека барањата од договорот ќе бидат исполнети,  жителите од Бутел, Чаир и Топанско ќе останат со ладни радијатори

Ем бараат помош, ем не ги исполнуваат обврските. За минатата грејна сезона од јануари до април, исплатени беа 425.000 евра од ЕСМ, но по првите сознанија, сега тие побаруваат околу милион евра и плус ако има дополнителни побарување. Средствата не се вратени, а греењето и сметките се испорачани. Граѓните си ги платиле сметките, но парите не се вратени на ЕСМ. Во заклучокот на новиот договор се вели дека тој не ги исклучува обврските од претходниот договор“, рече Ковачевски.

На домаќинставта на ЕЛЕМ Енергетика пак, кои 2 месеци немаат добиено сметки за парно, овој месеци ќе им стигнат . Не биле префрлени субвенциите од владата, па ако се испорачале, Ковачевски вели дека  би биле енормо високи. , односно за  80%  повисоки.