Бизнисот чека помош од државата
Неизвесноста кај бизнисот расте, опстанокот на голем дел компании е доведен во прашање. Се чека на ветената помош од владата. Сметките за плаќање струја им се 6то кратно повисоки во однос на лани. Треба да се реагира веднаш, бараат од Стопанската Комора. Тактизирањето - не овој, наредниот месец, велат дека на никој не му оди во прилог.
- За бизнисот станува амбиентот крајно неизвесен, и таа потреба од неизвесност, од една страна, а од друга, енеромно високите сметки за електрична енергија, прават голем притисок кај бизнис секторот. Ние не можеме да го одредиме датумот, но ден поскоро, однсно час поскоро е исклучетелно важно – зборувам за опстанокот на фирмите, изјави потпретседателот на Стопанката Комора, Зоран Јовановски .
Ако владата не помогне и не ја допрецизира мерката замрзнати маржи на основните прехранбени производи, и дел од големите супермаркети ќе мора да делат откази и да затворат одредени капацитети.
- Мерките за ограничување на маржите што ги донесе Владата се прешироки и непрецизни. Како резултат на тоа не постои точно тарифирање на производите со замрзната маржа, па се ограничуваат и луксузните производи кои во најголем дел не се за широка потрошувачка. Трговците сметаат дека одлуката треба да се прецизира, односно да се наведат тарифните броеви на стоките опфатени со неа, додава Јовановски.
Во големите маркети работат над 4.000 лица. Помош од државата нема, а од друга страна не ја сузбива ни нелојалната конкуренција, која им прави проблем. Антикрзините мерки за фирмите беа најавени за крајот на септември. Откако не успеаја да најдат пари, сега најавуваат дека помош ќе има до крајот на октомври.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
