Македонија
22. October 2022 - 21:15

Кога граѓаните ќе добијат современа терапија на позитивната листа на лекови?

До пролет идната година конечно ќе биде променета позитивната листа на лекови и граѓаните ќе можат со рецепт од аптека да подигнат нова и современа терапија неопходна за нивната болест. 

Ова го најави министерот за здравство. Според Беким Сали обновувањето ќе биде во две фази. Прво ќе се внесат нови медикаменти на примарната (аптекарската) листа, а во втора фаза до летото ќе се додадат современи лекови и на болничката листа. Позитивната листа не е ревидирана повеќе од 15 години, на неа има застарена терапија која веќе не се користи во многу држави, а новите лекови пак граѓаните ги купуваат од вој џеб.

-Јас би сакал тоа да биде побргу, но листата не е променета многу одамна. Ние сме во комуникација со сите компании и добавувачи на лекови, рече во интервјуто за Сител министерот за здарвство Беким Сали.

Министерот Сали побарал од Фондот за здравство да направат истрага колкави месечни приходи од плата и дежурства земаат лекари и менаџери во јавните здравствени установи.

-Се посетуваат повеќе здравствени установи и секако после тој извештај ќе се преземат мерки доколку има недоследности за исплата на плати на вработени или менаџери на ЈЗУ, рече министерот Беким Сали.

Тој уверува дека нема да се кратат програмите за пациентите поради 8.5 милиони евра  за пенали кои треба да ги плати државата за раскинатиот договор за новиот клинички со италијанската фирма.