Бизнис
23. October 2022 - 16:39

Останува планот за штрајк во Водовод ако нема смена на директорот

Предупредувачкиот простест на вработените во Водовод ќе продолжи, се додека не биде сменет директорот Митовски. 

Иако вчера Управниот Одбор ги поништи решенијата за отказ, со што сите 93-ца избркани ќе мора да се вратат на работа, од Синдикатот на јавното претпријатие велат дека мобингот и заканатите кон сите вработени од страна на директорот продолжува. Им праќал пораки на вибер и маил каде барал да бидат негови послушници – во спротивно им се заканувал со отказ или прераспределба на друго работно место. 

Му дадоа рок до среда или да си поднесе оставка или да го разреши градоначалничката Арсовска. Потоа стапуваат во штрајк.

Партиите и денеска со меѓусебни препукувања – кој е виновен за состојбата во главниот град, но и во останатите општини. За СДСМ тоа е ВМРО-ДПМНЕ, чии градоначалници создале целосен хаос.

-Нефункционални јавни претпријатија, поскапи и понеквалитетни услуги за граѓаните, нема проекти, нема инвестиции, нема развој.

Наместо бесплатен превоз во Скопје се случи да нема превоз. Наместо нови еко автобуси не работат ниту старите. Наместо помош за граѓаните во време на криза, има повисоки сметки за комунални услуги. Наместо почисти, имаме нај нечисти општини во историјата. Ветувањата пред граѓаните не се исполнуваат. Градоначалниците и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување, изјави Каевски, СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, вчера побараа оствка од градоначалничката Арсовска.

И денеска молк и никаков став нема ниту од директорот на Водовод, ниту од градоначалничката Арсовска.