Македонија
26. October 2022 - 16:32

Промената на времето влијае на здравјето

Промените на стрелките на часовникот го поренетуваат биоритамот на луѓето. Според лекарите ова може да доведе од нарушување во спиењето, промени во расположението, замор и до посериозни здравствени проблеми.

- Заради современиот начин на живот, живот во затворени климатизирани простории, заради одалечувањето од природата, можноста на прилагодување на човековиот организамна биоритамот и на временските осцилации е се повеќе намалена. Се јавуваат тегоби од ментална и телесна етиологија. Од ментална: нарушен сон, пониска и нарушена концентрација, некоја блага имплусивност, анксиозност, се јавува влошување на симптоматологијата кај хронично болните лица, изјави д-р Елена Карева Пиловска, шеф на смена во Брза помош Скопје.

Токму граѓаните со хронични заболувања потешко се прилагодуваат не само на временските, туку и на промените во сметањето на времето. Затоа периодот лекарите советуваат што повеќе време да се поминува во природа, редовно да се пие терапијата и да се прават контроли кај матичните.

- Оние кои се поадаптилни побргу ќе се прилагодат на промените, а кај луѓето со хронични заболувања можно е влошување на симптоматологијата, додаде д-р Карева Пиловска.

Иако и годинава имаше дискусија дали да има сезонски промени во сметањето на времето, сепак падна одлука повторно да имаме зимско сметање на времето и во сабота према недела стрелките од 3 да се вратат на 2 часот.

Ова не се применува во голем број држави во Азија, Русија, Исланд, а одлуката на Европскиот парламент од 2019 година се уште не е стапена на сила и секоја земја има право самата да одлучи.