Бизнис
1. November 2022 - 16:35

30% раст на приватното здравствено осигурување, агенцијата уверува дека пазарот е стабилен

Расте интересот за осигурување кај населението. Најголем пораст, над 30% има кај приватното здравствено осигурување.

Корона пандемијата, но и неефикасното државно здравство се главната причина граѓаните се повеќе да сакаат  да се лекуваат во приватните установи, каде со овој тип добиваат бесплатни прегледи  до одредена сума.   

Осигурениците во првата половина од годината  во ова  осигурување вложиле нешто над  6 милиони евра, или  66% повеќе отколку истиот период лани .

Пазарот е стабилен,  бројките  во постојан пораст. Свеста кај населението за осигуривање на имотот, животот, кај земјоделците родот - е зголемена., задоволни се од Агенцијата за супервизија на осигурувањето

На Светскиот ден на  осигурувањето, 9 најдобри студенти од Еконсомкиот факултет ќе добијаваат стипендија од илјада евра и ќе се стекнат со практична настава во осигурителните компании

Инаку кај нас работат 11 осигурителни компании, а надзор им врши Агенцијата за супервизија.