Македонија
1. November 2022 - 16:39

Проблеми во финансиското работење кај три клиники пронајдени по вонредната контрола на МЗ

Во најмалку три клиники, според информации на Сител биле констатирани неправилности во исплатата на месечечни приходи од плати и дежурства, покажува увидот од страна на Фондот за здравство по барање на министерот Беким Сали. По информациите дека директори на Јавни здравствени установи месечно заработуваат и по 5 илјади евра, извештаите од досегашната контрола во 12 клиники ќе се анализираат и во Влада.

- На барање на Претседателот на Владата за ревизија на работењето на две Клиники денес на седница на Влада ќе дадам извештај за работењето на менаџерите на 12 клиники при комплексот Мајка Тереза. После ревидирањето сигурно ќе има некаква одлука за некво делување, изјави министерот за здравство Беким Сали.

Дали ќе има санкции или пак смена на директори Премиерот Ковачевски најави дека ќе ја информирале јавноста во наредните 48 часа. Министерот Сали пак најави дека покреај овие 12 Клиники, ќе се проверува менаџирањето и исплатата на плати и дежурства и во останатите Јавни здравствени установи.