ХСГ апаратот на радилогија не работи 6 месеци, пациентите плаќаат во приватни клиники
Брачни парови за да почнат постапка за Ин витро на државна сметка мора претходно приватно да си платат дел од дијагностичките процедури. Речиси половина година не работи единствениот апарат за HSG во јавното здравство на Институтот за радиологија. За ова процедура пациентите во приватни установи плаќаат по околу 100 евра. Според гинеколози кои ги консултираше Сител со овој апарат се испитува во каква состојба се каналите, дали тука е причината за стерилитетот и е услов за инсеминација и добивање на ваучери од Фондот за здарвство за три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување.
Неколку пациентки реагираа до Сител дека веќе неколку месеци постојано добивале информации од лекарите дека апаратот ќе проработел во понеделник, па за 2 до 3 дена, но тие и понатаму не можат да ја добијат оваа здравствена услуга.
Од Институтот за радиологија потврдија дека поправката на апаратот за ХСГ е во тек.
- Извршена е нарачка на делот коj не е во функција по дефектажа од страна на овласетен сервис, велат од Институтот.
Кога повторно ќе проработи апаратот кој е неопходен за почеток на ИН витро процедура од Радиологија не добивме прецизна информација, туку само најава дека до крајот на месецот ќе стигнел делот кој требало да се замени.
До тогаш сите кои сакаат да имаат бебе или ќе чекаат или ќе си платат од џеб во некоја приватна болница.
Инаку, не само за оваа дијагностичка процедура, пациенти со сериозни заболувања реагираат дека со месеци ги чекаат резултатите од направените снимања токму во ова установа.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
