Бизнис
9. November 2022 - 16:31

200 компании за храна ќе добијат евтина струја, се очекува поевтинување на производите

Речиси 200 компании од прехранбената индустија до утре треба да поднесат барање  ако сакаат да користат струја по пониска цена. Потребната документација треба да ја преземат од страната на ЕСМ, да ја пополнат и истатат да ја испратат електронски. Ценатата на струја која ќе ја користат од 1 декември ќе ја субвенционра владата, и ќе изнесува 80 евра за мегават час. Со ваквата мерка премиерот очекува поевтинување на цените на основните производи за најмалку 10 отсто

- Тука се основните продукти месо, млеко, леб, масло,… Цената на електричната енергија за нив ќе биде 80 евра за мегават час и ќе важи само за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. Целта  е да се одржи стабилна цената на основните прехранбени производи, односно да не дојде до раст на нивните цени предизвикани од исклучително високите сметки за струја или прекин на производство,,изјави Димитар Ковачевски, премиер

И  Водостопанските јавни претпријатија,  основните и средни школи, како и јавните зраственми установи, ќе користат поевтина струија. За магават ќе плаќаата  95 евра. .  Со ова ќе се спречи поскапување на комуналните услуги, а наставата во школите ќе се одвива непречено.

- Ковачевски Целта на снабдувањето на училиштата е да се осигура настава, односно дека нема да дојде до нарушување на воспитно образовниот процес од причини на недостиг на струја, исклучување поради неподмирени високи сметки, рече Ковачевски.

Барањата за повластена цена ќе треба да ги поднесуваат најдоцна до 10 ти во тековниот  за да можат  да ја користат од наредниот месец Пониска цена на електричната енергија ќе добиваат  цела грејна сезона, односно  до 30 април наредната година.