Македонците најмалку купуваат на интернет
Македонија на дното на листата по електронска трговија. Граѓаните преку интернет купуваат еднаш на три месеци, најчесто облека и трошат до 50 евра. Бројките се мали, простор за поголем раст има, но треба да се надминат административните бариери, велат од Европската Комсија. Ако за граѓаните во земјите членки на Унијата купувањето онлајн е секојдневие, за Македонците – трошок, ризик и страв да не бидат измамени.
Во Европа на пример 90% од граѓаните купуваат преку интернет. Тоа е навика, секојдневие. Во Северна Македонија, но и во во земјите во регионот бројките се 30 до 40%. Не дека граѓаните не сакаат да купуват, туку има многу пречки, високи трошци за испорака, трговски процедури, спецификации за купувачите, и многу, многу други пречки.
Проблем за поголем развој на он лајн трговијата е и сивата економија. Продавање произвоиди преку социјалните мрежи, каде трговците не издаваат фискални и не одговараат на поплаките на купувачите, според надлежните, е во пораст. Купувачите мора да се свесни дека никој ги штити, ако купуваат преку нерегистрирани трговци, вели претседателката на Асоцијацијата за е трговија,, Ангеловска. Ги повика институциите да го решат проблемот
Ако доцниме со он лајн трговија, лидери сме по користење на социјалните мрежи и разговори преку апликициите за комуникација. Ги користат дури 85% од Македонците. Тоа го забележале и претставниците на Гоогле, Фејсбук и Тик Ток.
Во првата половина од годината, Македонците на купување преку интернет потрошиле 195 милиони евра, што е пораст за 22% во однос на лани.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
