Бизнис
12. November 2022 - 21:14

Колку треба да изнесува цената на природниот гас, за да топланите преминат на дизел?

Топлананите ќе греат на дизел ако цената на гасот двојно се зголеми. Во моментов се набавува по 1,300 евра за илјада губни метри. Но, ако се вратат летните суми, од 2,500 до 3 илјади евра – ќе мора да се користи дизел, вели првиот човек на ЕСМ, Ковачевски за Сител. Според него, мора да се има алтернатива – и во случај ако го снема гасот, односно Русија го запре вентилот, но и ако енормно поскапи, бидејќи цехот на крај би го платат граѓаните преку повисоки сметки за парно. Ставот на екпертите пак е дека владата мора да си најде пари и да си обезведи гас. Набавката од денес за утре – не е решение.

Некако од денес за утре се гледаат работите. Набавка за 15 дена, не е решение. Ситуацијата е комплексна. Но до сега не се случило да нема гас. Еве година дена трае конфликтот. Гас има, само цената е висока, изјави Ристо Цицонков, универзитетски професор.

Тестирањето на работа на топланите со дизел гориво беше најавено од 15 ти ноември. Но бидејќи ЕСМ нема дозвола од надлежните, ја купиле потребната количина гас за до крајот на месецот. Откако ќе ги добијат дозволи, ќе тестираат затоплување со дизел. Но, работа на дизел цела грејна сезона, би било погубно за здравјето на луѓето, велат експертите.

Само во случај на виша сила, ако има прекин во снабдувањето, само тогаш треба да се размислува на алтернатива, односно на греење со нафта. Но и тогаш тој период треба да е краток. Сепак, здравјето на граѓаните треба да е најважно, додава Цуцунков. 

Во ек на грејна сезона, ЕСМ уверува дека граѓаните нема да останат без парно греење. Префрлањето од гас на нафта ќе биде во рок од 24 часа и прво ќе се прави на едната, а потоа и на другата топлана. Најголем дел од потребната енергија, околу 60 % ќе се добива од приватната гасна централа ТЕТО, и затоа според нив, нема да има прекини во снабдувањето.