Бизнис
14. November 2022 - 16:32

Обезбедено привремено решение за парното на Скопје Север

Основни и средни школи, градинки и здравствен дом. Вкупно 13 државни објекти  од Чаир и Бутел денеска се без парно греењe. Со ладни радијатори се разбудија и 500 тина домаќинства, откако Скопје Север вчера ја  запре испораката, бидејќи нема пари за купување гас.  Директорите на школите –очекуваат до утре да има греење, затоа што наставата  мора да тече.  Денеска ја одржале со скратени часови, , но многу дечиња останале дома, за да не се смрзнат.

Граѓаните  од овие општини револтирани. Велат плаќаат секој месец, цела година  сметки за парно греење, а  кога најмногу им треба – не добиваат топлина.  

Попладнево Регулаторот ги свика ЕСМ и топлификација Север. Решение привремено се најде. Гас се обезбеди до наредната недела, но се бара трајно надминување на проблемот. Првиот човек на Скопје Север, уверува дека  попладнево домаќинствaта  и школите од овие општини ќе добијат греење. До ваква разврска дојде бидејќи ЕСМ и топлана Север не го потпишале договорот за деловно техничка соработка со кој треба да се обезбедат пари за набавка на гас.

Раководството на топланата тврди дека не може да прифати незаконски договор во кој ЕСМ бара гаранција во имот за да ја помогне топланата со 1 милион евра за набавка на гас.