Бизнис
16. December 2022 - 16:34

ЕСМ нуди за 16% поскапа струја на ЕВН Хоум, Владата уверува дека нема да има ценовен шок на сметките за граѓаните

Државната ЕСМ понуди за 16% повисока цена на ЕВН хоум за снабдување на домаќинствата со струја.  Владата ја криеше , ЕВН ја објави – од сегашните 48 евра за мегават,   следната година  цената  ќе скокне на 56 евра за мегават час.

Ова е сумата која ЕСМ ја бара за произведената струја од домашните капацитети. И која има најголемо учество врз крајната цена која ја плаќаат потрошувачите. Сепак, конечната одлука за колку ќе се зголемат сметките  ја носи

Регулаторната Комисија , во предвид се зема и цената што  ја бара МЕПСО за преносот, на операторот МЕМО, и загубите на  Електродистрибуција . Овде ЕСм дал понсика понуда од сегашната, односно  110 евра, наместо 143 за мегават . Премиерот тврди – граѓаните не ги очекува ценовен шок.  Некои ќе плаќаат и помалку отколку сега.

Ковачевски одби да каже од кои капитални проекти  што не се реализирани ќе им се земат парите за да се платат долговите за струја на државните институции. Повтори дека  одговорност ќе се бара  од раководителите, но допрва ќе се проверува дали недомаќински се трошеле парите.

Со народни пари, над 40 милиони евра , ќе се платат заостанатите долгови на Клинички, затвори, судови, универзитети, зоолошка градина, пошта. Предлог законот за пренамена е доставен во Собранието, и се очекува да биде изгаласан наредната недела. Ако не поминат измените, од ЕВН ќе продолжат со исклучување наелектричната енергија.