Бектеши: Ако треба ќе се направат законски измени но никој нема да го злоупотребува пазарот на струја
Општините и фирмите кои нелагално користат струја од регулираниот пазар, за 10 тина дена мора да се вратат на слободниот. Станува збор за околу 2.500 компании и речиси сите општини кои наместо по берзански цени, електрична енергија купуваат на домашниот пазар, по субвенционирана цена, далеку пониска од реалната. Според министерот Бектеши, не може фирми кои добро заработуваат да го оптеретуваат системот на ЕВН и да прават дополнителни трошоци, кои на крај би ги платиле граѓаните преку зголемени сметки за струја. Затоа, ако не се вратат на слободниот пазар сами до Нова година, лично тој ќе го смени законот за либерализација.
- Ако одредени потрошувачи, како што е направено во текот на годинава, а се околу 3.100 броила, што значи над 2.000 правни субјекти, одат од слободен на регулиран пазар се зголемува трошокот од Буџетот за поддршка на АД ЕСМ за да може да набави или да се произведе повеќе електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа значи дека товарот оди кон домаќинствата и микро и малите компании кои навистина имаат потреба од помош. Јас тоа нема да го дозволам, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
ОД ЕВН потврдуваат дека секојдневно кај нив стигнуваат голем број поплаки од компании и општини кои сметаат дека треба да останат на регулираниот пазар. Но, ЕВН хоум, постапува според законите во сила и одлуките на Владата. Иако Регулторната комисија уште во март алармираше за проблемот, од Обвинителството велат дека се уште правата проверки на извештаите. Во меѓувреме, денеска ЕВН и електродистрибуција ќе ги доставатат пресметките за трошоците, а МЕПСО ќе ги поднесе до крајот на неделава. Потоа Регулаторна ќе ја утврди новата цена на електричната енергија. Министерот Бектеши повтори дека за малите потрошувачи ќе има намалување на цената, за домаќинствата од 1 и 2 блок мала корекција, а за 3 и 4 драстично поскапување.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
