ТЕЦ „Осломеј“ не работи поради пожар, честите дефекти може да бидат причина за набавка на скапа струја
Термоелектраната Осломеј од вчера не работи, поради пожар кој избувнал во еден од вентилите. Пожарот според ЕСМ е од помали размери и уверуваат дека нема да предизвика недостиг на електрична енергија. Според експертите дефекти имало секогаш, но многу е важно за каков дефект се работи и за колку време капацитетот повторно ќе биде ставен во функција. Ако се случи хаварија од поголеми размери, предупредуваат дека ќе мора да се купува скапа струја од надвор.
- Опремата не може да издржи да работи со полн капацитети. Мора да има спремни тимови, кои ќе раеагират на време. Да се надеваме дека се страндардни дефекти, да не бидат да се расипе трансформаторот, тоа се посериозни грешки кои ќе мора да се сервисираат надвор. Ќе треба да се купува итно на пазар електрична енергија, која е многу скапа, изјави Константин Димитров, универзитетски професор.
Престојната зима, според Димитров, нема да може да се поминеме со дома шно производство на струја. Ќе мора да се купува од странство, а таму цените уриваат рекорди. Затоа Димитров смета дека цената на електричната енергија за домаќинствата треба да се зголеми. Во енергетска криза, власта, според него повеќе треба да го помага стопанството, а помалку граѓаните, а ако не им се помогне на фирмите, за кусо време ќе затворат, вработените ќе останат без работа, без приходи, и пак ќе чукнат на државна врата, барајќи социјална помош.
- Да се субвенционира цената на електричната енергија да остане иста за домаќинства, според мене, не е економска а мерката, нема логика, нема оправдување. Не може да имаш производ кој чини 100 денари да го продаваш за 50 или некој краде или друг субвенционира. Овде државата ги дава тие пари, за да сочува социјален мир. Владата купува време, не се покачуваат цените, з ада се зачуѕва социјалниот мир. Како може да се поевтини ако се зголеми за 5% само ДДВ. Ај нека ја намалат, ако се мажи цената за транспорт. Нема логика прозивдоство на струја да е 1/3 од транспортот. Некој заработува многу, тоа се трговците на електрична енергија. Повеќе се добија од трговија отколку со производство. Ако маржата е 10% на 500 евра е 50 евра. Производството на струја е 48 евра. Еве веднаш покажавме колку е ќарот на трговците, додава Димитров.
Наредната недела се очекува Регулаторната комисја да ја соопшти новата цена на струјата. Според владините најави, за малите фирми кои се на регулиран пазар највено е намалување на цената, за домаќинствата од 1 и 2 блок незначително зголемување, а за 3 и 4 драстично поскапување.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
