Македонија
14. February 2023 - 12:24

Пожарникарите од Штип ја завршија спасувачката мисија во Турција

Успешно завршена мисијата на штипските пожарникари, на објектот во градот Адијаман, срушен од земјотресот. Штипскиот тим работеше на вадење на телата на станарите на зградата, кои останаа под урнатините. Успеаја да извадат и една жива 37 годишна жена, која 4 дена преживеала под рушевините. 

  • Знаејќи колку беше голем земјотресот и еден живот да се спаси, сите сме задоволни. Но, за жал, имаше и многу мртви тела кои моравме да ги извадиме- изјави Дарко Коцев, командир на ТППЕ-ШТИП

Во текот на денот ќе се знае дали штипјани ќе останат во Турција или ќе се вратат во Македонија.

  • Под водство на Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара, очекуваме да кажат дали ќе има наше повлекување или ќе одиме на некој друг објект-изјави Коцев

Заради нивната одлучност, храброст, солидарност и хуманост која ја покажаа на дело, штипскиот градоначалник вети достоинствен пречек, за петмината пожарникари кои несебично дадоа свој придонес и помогнаа на настраданото население во Адијаман.