Мал број корисници се пожалиле на повисоки сметки во јануари
Наместо пониски, дел од граѓаните добиле двојно повисоки сметки за струја. Најевеното намалување за потрошувачите од 1 и 2 блок, кое стартуваше од Нова година, некои домаќинства не го почуствуваа. До Регулаторната Комсија до вчера стигнале 73 поплаки, бројка која не е многу висока, во однос на 600тините илјади потрошувачи . Но првиот човек повикува – ако јануарските сметки се значително повисоки, потрошувачите сами да ги проверат броилата и да поднесат приговор
Од ЕВН пак велат дека имаат доволен број отчитувачи и го почитуваат законскиот рок за отчитување на броилата, пропишан на 4 пати годишно. Но, понекогаш екипите се спречени од различни причини, па се зема паушал на годишно потрошена електрична енергија. Ако домаќинствата се соменеваат во висината на сметката, треба да поднесат приговор. Инаку, подотоците на РКЕ покажуваат дека минатот месец граѓаните потрошиле 14% помалку отколку лани во јануари. Регулаторна ќе прави анализи и на крајот на грејната сезона, односно во мај ќе соопши дали има простор за враќање на дневната евтина тарифа.
За заштита на животниот стандард кај граѓаните, Владата како опција најави и можност ДДВ на сметките за струја да остане 10% и после јули. Како дел од пакетот антикризни мерки, владата во јули 2021 та одлучи данокот за домаќинствата од 18 да се намали на 5%, а по една година истиот да достигне 10 отсто. Повластената даночна стапка важи до 30 јуни годинава.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
