Бизнис
21. February 2023 - 16:37

ЕСМ повторно набавува гас под услов за фиксна цена, експертите велат дека тоа може да направи поголема штета

Фиксната цена на гасот останува главен критериум за негова набавка. ЕСМ го објави повикот за потребите во март, каде не се откажува од промена на тендерските услови. На светските берзи цената и натаму паѓа, во моментов е околу 50 евра за мегават, а државата за количините за февруари плати двојно повеќе – 98,7 евра. Во време кога цената има надолен тренд, експертите сметаат дека владата треба да се прилагоди и да ги смени правилата.

-  Владата прави грешка што цело време одлучува набавките да ги прави по фиксни цени. Можеби тоа дава одредена сигурност, но ситуацијата е таква каде  подобро е да се следи трендот, каде цените на берзите паѓаат, затоа што температурите надвор се високи, а,потрошувачлката намалена. Мислам дека Владата треба да е прилагоди, особено сега, кога цената на гасот паѓа, изјави Ристо Цицонков, професор на Машински факултет.

Ставот од ЕСМ зошто инсистираат на фиксна цена – е за да го планираат буџетот. Да ги обезбедат парите за гасот, кој го плаќаат однапред и потоа истиот се испорачува до потрошувачите, кои го купуваат по маржа не повисока од 1 отсто. Но експертите велат – цената не расте преку ноќ.

- И да се смени ситуацијата, цената не може веднаш да порасне нагло. Потребни се 15, 20, па и 30 дена. Не сум експерт, но драстичен скок на цената за еден месец не може да се случи, додава Чичонков.

За разлика од минатата на почетокот на годината Владата ги смени условите и наместо променлива бара гасот да го плаќа по фиксна цена. Првите два месеци овој енергенс ги набавува од бугарската фирма Балкан Јутилитис, по цена нешто под 100 евра. Само за рaзликата во цена во јануари плати 1.1 милиони евра повеќе. За февруари, се уште нема пресметка. Но според објавените податоци, државата за набавката овој месец дала 9,7 милиони евра.