Бизнис
22. February 2023 - 16:34

ДЗС пресмета раст на просечната плата

Пораст на просечната плата во декември, објави статистиката. Бројките покажуваат дека е зголемена за скоро 15%, и сега изнесува нешто над 34 илјади денари. Сепак реалната плата бележи пад од 3,3 отсто.  

Ако се земе во предвид инфлацијата, која лани достигна 14,2 %  зголемените плати не ја подобрија купуваната моќ кај граѓаните. Напротив, од ССМ велат дека инфлацијата им го изеде покачувањето.

Порастот на платите е природен феномен, поради тоа што се поскапува и нормало е платите да растат. Но лани иамвме инфлација која буквално ги изедеде сите зголемувања. 14,2 % беше за цела година. Ако ја земеме просечната плата ќе видиме дека е покачена  за над 12% , но во однос на инфлацијата е намалена за 2,2%. Тоа значи дека куповната моќ на вработените е тотално ослабена. И порастот на минималната плата нема никако да го ублажи стандардот кај вработените, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ

Според статистиката, највисоки плати земаат вработените  во воздухопловството, во просек по 94 илјади денари, по што следат програмерите со 88 илајди  и вработените во дејностите за изнајмување, над 78 илјади денари. 

Најголем број од вработените – кои работат во преробивачката индустрија се под просекот, со плати до 30,000 денари. Од ССМ велат порастот на минималецот кој ќе следи од следниот месец, нема да ја промени состојбата

Со зголемувањерто од 2,000 деанри нема ништо да направиме. Ако има 2 вработени со минимална плата, тие луѓе веќе влегуваат во сиромаштија., додава Пешевски

Од СДСМ пак, задоволни . Тоа што пред избори го ветиле – се реализрало

Со ова, една и пол година порано од предвиденото се остварува ветувањето на СДСМ и коалицијата за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, односно до јули 2024 година.

Од следниот месец минималецот од 18 ќе се зголеми на на 20,100 денари. И  државата за своите вработени најава линеарно згоелмување на платите за 2,000 денари.