Македонија
24. February 2023 - 19:44

Судот во Штип затрупан со тужби за работни односи од вработени во државните институции

Продолжува напливот на предмети од областа на работните спорови. Вработените ги тужат Министерството за одбрана, МВР и други институции, а само Основен суд- Штип годишно добива на решавање од 1500 до 2000 предмети, што преставува голем товар за работата на судот.

- Бројката на тие предмети предизвикува подоцна одолговлекување на судската постапка и морам да кажам дека, не често, меѓутоа се случува, да имаме проблеми и со прибавување на потребна документација, прибавување на вештачења. Сето тоа се фактори кои влијаат врз должината на постапката, а не зависат од работата на судот, изјави Ѓорѓи Андонов, претседател на Основен суд - Штип.

Штипскиот Основен суд работи со 2/3 од потребниот капацитет на судии, а од 120 места предвидени со систематизација за судската служба, пополнети се само 72. Андонов истакна дека и со редуциран кадар, лани успеале да решат 5% повеќе предмети, но побара и поголема финансиска мотивација.

- Морам да потенцирам дека е нужно подобрување на материјалниот статус, вклучитено на сите вработени и на судиите и на судската служба, а се со цел да се создадат предуслови за ефикасно работење на судот, додаде Андонов.

Минатата година се решени и 50 стари предмети.