Во март зголемување на минималната плата за 2,100 денари
Минималната плата се зголемува за 2,100 денари, минималната пензија за 660 денари. Од овој месец, согласно законот, минималецот од 18 ќе изнесува 20,175 денари. Пензиите пак, ќе бидат повисоки за 6%.. Ова значи дека сметките на околу 80 000 работници и на 340 илјади пензионери веќе од следниот месец ќе бидат пополни. Но дали ќе биде доволно за да се покријат зголемените трошоци за живот?
Имајќи во предвид дека инфлацијата лани брзо растеше и минималната плата од 18 илјади денари не стига да ги покрие трошоците за храна и пијалоци, сметавме дека мора да се зголеми за повеќе од 2,.000 денари, за да се покријат барем основните потреби на едно 4 члено семјетсво. Ова е добар старт за зголемување на платите , иако е поразителен податок за една држава, изјави Слободан Трендафилов, ССМ
Линеарно золемување за 2,100 денари ќе добијат и административците.Но од Синдикатот бараат – она што министерот Бесими им го вети на своите вработени 30% зголемување на платите– да го исполни.
Според достапните податоци на ПИОМ, најнсиката пензија во декември лани изнесувала 11,000 денари, додека највисоката 64,000. Со зголемувањето. – порастот кај првите ќе биде 660, додека на оние со подлабок џеб - 3800 денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
