Бизнис
6. March 2023 - 16:36

Владата утре ќе одлучува за проширување на списокот производи со замрзнати цени

Плафонирање, а не замрзнување на цените на основните прехранбени производи., предлагаат економистите. Сметаат дека е многу поефикасно  кога Владата ќе одреди  највисоката цена над која не смее да се продава одреден производ, а потоа конкуренцијата ќе си го направи своето.

Откако минатата недела се замрзна цената на лебот, на утрешната владина седница најверојатно ќе се замрзне и на тестенините и на некои млечни производи.. Кои, од министерството за економиај велат дека се уште се анализира. Но експертите велат - Владата да ги донесе и да ги објави,  а не да ги најавува мерките неколку недели претходно , за да не се случи дел од производите да ги снема во маркетите.

Обично кога се реагира,  се прави веднаш, се носи мерката.  Самата најава може да предизвики да гсе згоелмат цените и побарувачката, што неповолно ќе влијае. И не треба да се носи само една мерка, туку пакет меркио згоелам цените и зголемена побарувачка, што неповолно ќе вблиај. И не само еднамерка, туку пакет на метки. И со енергенскот пазар, даночни стимулации,

Треновски предлага – кога носи мерки Владата да го консултира и бизинсиот и заедно да анализираат како таквата мерка ќе влијае врз нивното работење. Но и да пресмета дали има капацитет и институции да проверат колку се  применува и почитува таквата мерка на терен.

Инаку Владата донесе одлука да ја замрзне цената на лебот, откако дел од прехранбените  компании кои користеа субвенвцинонирана струја од државата, не ги намалија цените на своите производи. Пазарниот инспекторат на терен проверува дали се почитува мерката и согласно податоците низ цела држава – до сега казнети се 6 компании со над  15 илјади евра.