Овошјето и зеленчукот замрзнати на повисок износ
Килограм домати ќе се продаваат за 95 денари, краставиците 20 денари поскапо, пиперките ќе чинат 100, кромидот 70. Владата ги зголеми замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот од 5 до 25 денари, затоа што увозниците почнале да доставуваат реални фактори. За 5 денари поскапо од првичните ограничени цени ќе се продаваат и гравот, бананите, портокалите, мандарините и лимоните. Министерот за економија ги повика трговците кои ги тргнале овие производи од рафтовите да ги вратат, затоа што се обврзани да продават 70% од количината која ја имале во март. Увозниците кои прикажуваа лажни фактури, за да платат помал данок, вели дека ќе одговараат.
- Една работа можам да гарантирам дека оваа работа ќе оди до крај. Ова не значи дека треба да се направи контрола само во делот на увозниците или на трговците на мало, треба да се направи контрола на целиот синџир како влегуваат тие производи и начинот како е тоа направено, вклучувајќи и институции кои ги прават тие проверки, а зошто да не и вработени, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
За лидерот на опозицијата Мицкоски замрзнувањето на цените нема да има никаков ефект за да се намали инфлацијата. За него ограничлувањето на цените е анти економска мерка.
Владата минатата недлата ја замрзна цената на 11 видови овошје и зеленчук. Но откако увозниците се жалеа дека не им е исплаливо да продават, а надлежните утврдија фиктивни фактури, денеска одлучија да ја корегираат цената нагоре. Овие цени ќе се применуваат до крајот на месецот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
