Гласен текстилец обвинува за принудни откази на 163 вработени во обезбедувањето на општинските згради
На 163 вработени во обезбедување на општинските згради, каде се сместени и државни институции, им е понудено да потпишат спогодбени откази од страна на фирмата за обебедување која склучила договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата. Бидејќи, имаат важечки договор до септември следната година, тие одбиваат да потпишат, па сега им се вршат притисоци со прераспоредување од една во друга општина, а при тоа им се кршат низа работнички права, обвинија од Гласен текстилец.
- Нередовна исплата на плата, односно, се поминува МПИ од 100 денари до 15-ти во месецот, а потоа исплата до минимална плата, каде не се уплатени никакви додатоци и надоместоци, како што се минат труд, работа во смена, прекувремена работа, работа во недела или на празник, изјави Кристина Ампева, гласен текстилец - Штип.
Ампева додаде дека во една клаузула од договорот помеѓу фирмата и владината служба стои дека, е валиден до искористување на средствата од близу 200 милиони денари и прашува каде се потрошени тие пари.
- Како тоа се исцрпени финансиите и се прават овие притисоци. Мислат ли дека е нивна своина народниот буџет и при тоа да дозволуваат кршење на правата на 163 работници, меѓутоа и играње со егзистенцијата на тие 163 семејства, играње со законите, народниот буџет и институциите, изјави Ампева.
Од „Гласен текстилец“ доставиле барање за инспекциски надзор и го чекаат одговорот од Државниот инспекторат за труд и УЈП.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар