Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
Поставен камен темелникот на најголемиот ветерен парк во Македонија, кој ќе се простира на површина од 326 ха, на териториите наопштините Штип, Карбинци и Конче. Предвидено е да се изградат 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија да ги задоволат потребите на околу 100.000 домаќинства. Се работи за инвестиција од над 500 милиони долари, а ќе го гради компанијата „Алказар енерџи“.
- После нешто повеќе од една година, тоа што тогаш го ветивме заедно со компанијата инвеститор, денеска добива некаква завршница, завршница на првата фаза. Тоа беше практично на вториот ден од изборот на новата Влада, кога заедно со Даниел и неговите соработници најавивме инвестиција во делот на обновливата енергија во вредност од половина милијарда долари, која ќе произведува околу 1 тера ват час електрична енергија годишно и дека тоа ќе биде инвестиција која практично е драјвер и модел како треба во иднина да се движиме, изјави Христијан Мицкоски, премиер
- Ова е многу редок пример, зашто во повеќе од 20 години мое работно искуство во полето на обновливата енергија и повеќе од 60 годишно искуство со моите партнети, никогаш немаме видено ниту еден проект од обновливата енергија да дојде во оваа фаза на градба, точно во согласност со временската рамка што ја договоривме со претседателот на Владата на Македонија, уште на почетокот на јуни, минатат година, изјави Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на „Алказар енерџи“
Реализацијата на проектот ќе донесе бројни бенефити за економијата, бизнис заедницата и граѓаните, создава трајна вредност за државата и отвора голем потенцијал за понатамошен развој.
- Кога кажавме дека бруто домашниот производ во првиот квартал пораснал за 3,2% споредено со истиот период минатата година и кога спомнавме дека тоа претставува четврти резултат во земјата, веднаш позади Ирска, Данска и Полска, многумина не исмејуваа. Но, сега можам да најавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобар резултат, имајќи ги предвид овие индикатори, дека ќе се движиме помеѓу 4 и 6%. Тоа преставува гигантски чекор, бидејќи првите индикатори за првите 2 месеци од вториот квартал, а тоа се април и мај, се огромни. Тука би го споменал растот на индустриското производство во месец мај за точно 9,4 %, историски раст на индустриското производство во месец мај, додаде Мицкоски
Ветерниот парк ќе значи и зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.
- Во однос на економијата, овде имаме директен и индиректен импакт. Директниот импакт е она што ќе се произведе и продаде и директно влегува во бруто домашниот производ. Но, индиректниот е многу поголем, не само преку изградбата во годините кои следуваат, не само во придобивките кои ќе ги имаат трите општини на чија териотрија ќе биде овој ветерен парк, туку пред се, за стопанството и индустријата, затоа што Светот оди напред, ЕУ ги постави правилата во однос на зелената транзиција и нема да се врати назад во однос на тие правила, а тие правила велат, особено во метланата, челичната индустрија, индустриите кои најповеќе придонесуваат за бруто домаѓниот производ, дека веќе од 2026-та година мора да се користи зелена енергија изјави Александар Николовски, министер за транспорт и врски
Според проектната документација, ветерниците ќе станат функционални во 2027-ма, а животниот век на ветерниот парк е 30 години.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар